fbpx

Лош ден за македонските претставници

Во рамките на втората трка од првата рунда во Европскиот TCR шампионат, Игор Стефановски излета од патеката, Виктор Давидовски се повлече предвреме, а со маестрално возење Србинот Душан Борковиќ стигна до нов триумф на патеката „Пол Рикар“

По оној добар старт во првата трка на Европскиот TCR шампионат кога Иџе заврши како седми, а Виктор стигна до 16-тата позиција од 25 натпреварувачи, лош ден за македонските возачи во втората трка на сефтето на сезоната на патеката „Пол Рикар“ во Франција. Игор Стефановсвки во обид да направи што подобар маневар за да стигне до подобра позиција (шеста во моментот), „проклизга“ и удри во заштитната ограда.

Имено Иџе обидувајки се да стигне до што подобра позиција го „закачи“ Милер и епилогот беше катастрофален за нашиот возач. За голема среќа немаше посериозни повреди за Стефановски во инцидентот, но автомобилот е мошне оштетен, па трката во Франција беше 20-тина минути во прекин пред рестартот.

За жал, по излетувањето на Стефановски, од трката се повлече и вториот македонски возач, Виктор Давидовски, па така во оваа втора трка во TCR европскиот шампинат останавме без пласман на македонските возачи.

Европскиот TCR

Инаку, треба да се напомене дека втората трка се возеше во навистина тешки услови и на влажна патека. Краен победник на истата беше српскиот возач Душан Борковиќ, кој првата рунда од шампионатот, ја заокружи со две победи, а вредно е да се напомене дека тој стигна до триумфот откако стартуваше од десеттата позиција. Зад него заврши домашниот возач Верне, а место на пиедесталот си обезбеди и Унгарецот Наѓ. Па така, во генералниот пласман Борковиќ има 55 поени, а Стефановски има шест поради седмото место што го освои на првата трка.

Шампионатот продолжува на 20/21 мај во холандски Зандворт.

Поврзани вести

Back to top button