fbpx

Tecnica е најновата верзија на Lamborghini Huracan

Lamborghini не се откажува така лесно од Huracan, бидејќи култниот V10 суперавтомобил и понатаму добро се држи против конкуренцијата

Huracan продолжува да живее и понатаму, откако Lamborghini направи уште една верзија на својот сега веќе легендарен суперавтомобил со V10 мотор. Автомобилот живее и понатаму да се бори со конкуренцијата, а доказ за тоа се и големиот број итерации. Најновата го носи името Huracan Tecnica и е ултимативната манифестација на ветувањето на Lamborghini за врвни возачки перформанси на патиштата и на патеките.

Дизајниран некаде „на половина“ меѓу базичниот Huracan Evo со погон на задните тркала и STO, Tecnica е создаден да биде забавен и на патеката и на патиштата. Исто така, како што велат од Lamborghini, Huracan Tecnica е за возачите кои се во потрага по забава и „животна перфекција“.

Поголема моќност

Иако Tecnica е базиран на базичниот Evo, оваа верзија пристигнува со еден куп опрема која вообичаено се наоѓа кај поскапите Huracan модели. Така, наместо 610 КС и 560 Nm, Tecnica добива 640 КС и 565 Nm од природно аспирираниот V10 кој се наоѓа кај STO, за кој компанијата вели дека сега се одликува со засилен, поостар звук при повисоки вртежи. Моќноста се испраќа на задните тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка со варијабилни преносни карактеристики зависно од селектираниот ANIMA возачки режим.

Lamborghini Huracan Tecnica

Екстериерот на Tecnica не е направен само за да се издвои од остатокот од поставата. Ревидираниот дизајн треба да биде аеродинамички поефикасен, притоа користејќи го максимумот од лесните компоненти како што е хаубата целосно направена од карбон. Новата предница вклучува воздушна завеса, што е нешто сосема ново за еден Huracan модел. Долните летви од новиот преден сплитер го насочуваат воздухот низ тркалата за подобрено ладење и потисна сила. Тука е и новиот браник на предниот дел со Y мотив поставен под секој од фаровите, инспирирано од Sian хиперавтомобилот и Terzo Millenio концептот.

Lamborghini Huracan Tecnica

Промени во дизајнот

Промените на каросеријата резулитраа со тоа Tecnica да биде шест сантиметри подолг од Huracan Evo. Тоа не е многу, но со оглед на тоа дека ја имаат истата висина и ширина, дополнителните сантиметри се доволни за Tecnica да делува пониско и пошироко. Голем труд е вложен и на задниот дел на оваа верзија на Huracan, а тоа резултира со неколку придобивки, како што се подобрената видливост на задното стакло, како и ново фиксно масивно задно крило кое додава 35 проценти поголема потисна сила во однос на Huracan Evo. Под каросеријата Tecnica има голем број на вентрално еро дефлектори за дополнително подобрување на протокот на воздух. Моделот е поставен на 20-инчни Damiso тркала со хексагонален дизајн.

Lamborghini Huracan Tecnica

Во секој случај, спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 3,2 секунди и не покажува масивни подобрувања во однос на Evo (3,3 секунди), но и покрај тоа Tecnica ќе нуди далеку подобри возачки динамики.

Управување на задната оска, векторирање на вртежниот момент, карбонските керамички сопирачки со отвори за ладење и интегрираниот контролен систем LDVI (Lamborghini Dinamica Veicolo Integrata) се позајмени од Evo, а сопствениците кои ќе сакаат да го максимизираат времето на патеката ќе можат да изберат лесни панели на вратите и тркачки појаси од списокот со опции.

Lamborghini Huracan Tecnica

Цените за Lamborghini Huracan Tecnica се уште не се објавени, но првите испораки ќе започнат оваа година.

Поврзани вести

Back to top button