НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Прилагодливи возења и паметни амортизери

Tenneco создал електронски амортизер со дигитален вентил

Дебито најверојатно ќе е во 2022 година, но возилото во кое ќе се вградуваат не е најавено. Електронски контролираниот систем за потпирање постои на пазарот и се вградува во возилата веќе со години. Но, инженерите на Tenneco измислиле нов тип интелигентен амортизер, во кој плочата на електричното коло, сензорите, вентилите и електрониката се содржани во внатрешноста на единицата.

Тоа значи дека интелигентниот, активен систем за потпирање може да се интегрира во возилото без преголема реорганизација на електричниот систем или архитектурата на возилото.

Уште поважно, амортизерите овозможуваат управувањето, управливоста и возењето автоматски да се прилагодуваат на условите на патот, подобрувајќи ја удобноста и перформансите.

И ако се поместиме уште подалеку од вообичаената карактеристика на возилата со избор на спортски или удобен режим на возење, дигиталните амортизери на Tenneco овозможуваат возилото да понуди избор од дури осум режими.

Главниот одговорен за технологија на Tenneco верува дека производителите на возила се повеќе ќе се насочат кон нагодливи системи за потпирање, како производ по кој ќе се разликуваат.

„Една од придобивките е пакувањето”, вели тој за паметниот амортизер. „Тоа е во основа уметок. Ако ги погледнете горните и долните точки на поврзување, тие изгледаат сосема исти како и кај традиционалните амортизери. Ние ја интегриравме целата електроника. Амортизерите може да се вградат и во возило кое е веќе во употреба, без да треба да треба да се отстранат или оштетат краевите”.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close