fbpx

И за Tesla 2017-та е најуспешна година!

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla објави дека компанијата регистрирала нова рекордна четвртина од изминатата година, испорачувајќи над 29.870 автомобили во последните три месеци на 2017

Со раст од 27%, односно реализирани 28.320 единици, Model S (15.200) и Model X (13.120) калифорниската компанија продолжува да остварува пазарни успеси, но за жал брендот на Илон Маск продолжува да заостанува од пазарните ветувања, особено во однос на долгоочекуваниот Model 3. Откако во третата четвртина на минатата година Tesla успеа да достави само 220 претставници на моделот, резултатот за последниот квартал од годината, иако со драстично зголемување, повторно не одговара на најавените цели, пласирани се 1.550 единици.

Tesla

Од Tesla коментираaт дека производството на Model 3, сепак постепено се зголемува, во последните седум работни дена од минатата година се произведени дури 793 единици. Од компанијата додаваат дека очекуваат до крајот на првата четвртина на 2018 да успеат да стигнат производствен капацитет за Model 3 од околу 2.500, а до крајот на првото полугодие од 5.000 единици неделно.

1 | Tesla
2 | Tesla
3 | Tesla

    На почетокот на јули минатата година, кога Илон Маск ги понуди првите фотографии од моделот, тој ги објави плановите за производство на моделот. Според нив, во август требаше да бидат склопени 100 автомобили, а во септември нивниот број да се зголеми до над 1.500. Тогаш шефот на Tesla прогнозираше исто така дека месечното производство во декември е можно да достигне и до 20.000, но ништо од ветувањата…?!

    Генерално, во изминатата календарска година испораките на моделите S и Model X достигнаа 101.312 единици, што претставува пораст од 33% во однос на 2016 година.

    Поврзани вести

    Back to top button