fbpx

Tesla Cybertruck – пикап од иднината

Илон Маск пред неколку часа на настан во Калифорнија го претстави долгонајавуваниот пикап модел, под името Cybertruck

Седум години во изработката, новиот Cybertruck доаѓа со екстремно футуристички изглед. Електричниот пикап е со должина од 5.885 mm, ширина од 2.027 mm и 1.905 mm висина, при што располага со места за седење на шест патници.

За време на настанот Маск не ја покажа внатрешноста на електричниот пикап, но компанијата објави слика, на која може да се забележи дека кабината на пикапот е со уште поминималистички дизајн од сите досегашни модели на Tesla. Два реда по три седишта, огромниот екран на допир во средината и управувач со Knight Rider дизајн, е она со што се карактеризира концептот.

Она со кое Tesla особено се гордее, се перформансите на својот нов Cybertruck. Како и се друго кај овој модел, така и тие се „out-of-this-world“, па така забрзувањето до 100 km/h е за време помало од 3 секунди. Чисто споредбено, екстремно моќниот Dodge Challenger Hellcat Redeye има спринт до 100 km/h за време од 3,8 секунди. Ваквата конфигурација на американскиот пикап нуди и прилично висок возен опсег со повеќе од 800 километри, при што достигнува максимална брзина од 209 km/h, а ќе доаѓа со цена од 69.900 американски долари.

Достапни ќе бидат уште две верзии, основата Single Motor RWD Cybertruck со цена од 39.900 американски долари, опсег од над 400 km и забрзување до 100 km/h за 6,5 секунди, а варијантата на средно ниво, односно Dual Motor ќе чини 49.900 американски долари, а ќе понуди забрзување до 100 km/h за 4,5 секунди и опсег поголем од 480 km.

Инаку, Tesla Cybertruck е изработен од монокок конструкција од не’рѓосувачки челик, а со цел да ја демонстрираат неговата издржливост, на презентацијата вработените на Tesla го тестираат моделот удирајќи го со чекан, фрлајќи метални топчиња во прозорците. Погледнете сами.

Поврзани вести

Back to top button