fbpx

Mаск најавува и електричен пикап

Tesla планира да лансира на пазарот и електрични пикап, потврди шефот на компанија Илон Маск на Twitter

На одговор на прашањето за тоа дали ќе има електричен пикап, Маск објави дека ветува дека тоа ќе биде наскоро и прецизира дека можна е промоција заедно со компактниот кросовер Model Y. Маск додаде дека „речиси пет години носи во главата основните технолошки и стилистички елементи” на идниот електрични пикап. При претставувањето на електричниот влекач Semi пошироката публика успеа да види една од тизер фотките на идниот пикап и да „тргнат шпекулациите“. Но, Маск тврди дека нема место за нив?!

Маск

Според плановите на Tesla, компактниот кросовер Model Y ќе биде изграден на платформата на Model 3 и двете електрични возила ќе имаат доста заеднички компоненти. Тоа ќе го скрати сериозно рокот од развојот до промоцијата на пазарот на кросоверот, претпоставувајки дека продажбата ќе почне кон крајот на 2019 или почетокот на 2020 година. Во пакет со него, како навестува Маск ќе се развива и пикап верзијата.

Поврзани вести

Back to top button