Tesla ќе отповика 15.000 примероци на Model X

Tesla се соочува со нови проблеми, поточно со 15.000 проблеми, а најновото отповикување се однесува на Tesla Model X

Tesla на вонреден сервис ќе повика сопственици на околу 15.000 електрични SUV возила Model X, поради можни проблеми со серво управувачот кој може да откаже и да го отежне управувањето на возилото при влегувањето во кривини, со што се зголемува ризикот за судир.

Според американски NHTSA проблемот се однесува на алуминиумските штрафови кои го прицрврстуваат електричниот серво управувачки механизам, бидејќи можат да кородираат и да се скршат. Доколку се случи тоа, ќе се предизвика губење на асистенцијата од серво управувачот во некои примероци на Tesla Model X.

Исто така се наведува дека досега не се пријавени судири или повреди поврзани со овој потенцијален недостаток. Со ова отповикување се опфатени 14.193 единици на овој автомобил во САД и уште 843 во Канада, сите произведени во 2016 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close