fbpx

Tesla Model 3 ја „растури“ конкуренцијата

Извонредниот раст во производството на најевтиниот модел на Tesla овозможи компанијата на Илон Маск да има конечно модел во Топ 10 во продажбата на нови возила на пазарот во САД

Според изданието Insideevs, во изминатиот месец продажбата на Tesla Model 3 во САД изнесувала 13.000 единици, што ја надминува вкупната бројка на продадени зад Океанот примероци од моделите Mercedes-Benz C- класа, Audi A4, BMW 3 и Lexus IS (за месец јули во САД -12.500 продадени возила). Според истата статистика, нема и американски производител со слични по големина и класа автомобили, кој успеал да продаде повеќе автомобили минатиот месец.

Што се однесува до реалните конкуренти, односно електрични, главните играчи на американскиот пазар, Chevrolet Bolt EV и Nissan Leaf, имаат слаби остварувања. Во текот на изминатиот месец, нивната вкупна продажба изнесуваше 2.000 единици.

Поврзани вести

Back to top button