fbpx

Tesla Model Y доаѓа со пет или седум седишта и 370 километри автономија

Tesla вчера пред светот го претстави следниот чекор во своето производно развивање- определен од компанијата како компактен SUV моделот Model Y.

Типично за брендот, најевтината верзија на Model Y- Standard Range е со цена од 39.000 американски долари, а со пазарното лансирање ќе задоцни, бидејќи во моментот може само да се нарача. Како и кај другите модели стартот на испораки се очекува по некоја година, односно во 2021 година.

Освен во стандардна верзија (370 километри автономија), Tesla Model Y се нуди во модификација со продолжен опсег (Long Range) и автономија од 480 километри, со погон на четири тркала (Dual-Motor All-Wheel Drive) и спортска верзија(Performance). Верзијата Long Range на Model Y е со заден погон се нуди по цена од 42.700 долари, а онаа со погон на четири тркала е проценета на 46.700 долари. Model Y Performance, која нуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди, спортски систем за сопирање, карбонски спојлер, спортска суспензија и друго, а доаѓа по цена од 55.700 долари.

Model Y

Model Y

Цените кои ги сподели Tesla за новиот модел вклучуваат субвенција наречена Gas Savings што претставува заштеда како резултат на употребата на електрична енергија наместо класични горива. За ефикасноста на Model Y, клаузулата за заштеда на гас вреди 4300 долари.

Интересна карактеристика на автомобилот е онаа дека освен во пет седишта конфигурација на ентериерот, електричниот модел ќе може да се нарача и во верзија со седум седишта која доаѓа со дополнителни 3.000 долари.

Model Y

Во соопштението од Tesla во цената на моделот не е вклучена опцијата Autopilot, која дава можност за автоматизирано управување на автомобилот при движење во една лента. Цената на опцијата е дополнителни 3.000 долари, а ако клиентите сакаат да го надградат нивниот автомобил и со квалификувано од брендот како „можност за целосно автоматско управување“, цената се зголемува со уште 5.000 долари.

Од Tesla споделија дека првите испораки на модификациите Model Y Performance, Long Range Rear-Wheel Drive и Dual-Motor All-Wheel Drive се очекува да започнат на есен следната година, а во пролетта 2021 и оние на основниот Model Y Standard Range .

 

Поврзани вести

Back to top button