fbpx

Tesla најави нов компактен електричен автомобил

Компанијата Tesla објави официјална дизајнерска скица од новиот компактен електричен автомобил и го откри планот за отворање истражувачки и развоен центар во Кина

Tesla планира во Кина да изгради целосно нов центар за истражување и развој, а во меѓувреме објавија и скица со која се најавува првиот компактен електричен автомобил на оваа компанија.

Овој модел би требало да го најде своето место под Tesla Model 3 и да претставува ривал на електричниот модел на Volkswagen, ID.3.

Компанијата со ова ги повикува сите заинтересирани дизајнери и инженери да се пријават за работа во новата фабрика на Tesla во Кина.

Основачот на компанијата, Елон Маск, за време на настаните при лансирањата на Model 3 и Model Y произведени во Кина изрази желба да дизајнира електричен автомобил во Кина наменет за глобалниот пазар.

 

Поврзани вести

Back to top button