fbpx

Tesla пикап ќе пристигне за два до три месеци

Главниот извршен директор на Тесла, Илон Маск рече дека долгоочекуваниот Tesla пикап ќе биде откриен во наредните два до три месеци

Веќе некое време е познато дека пикапот на Tesla ќе се појави до крајот на оваа година, но твитот на Маск ни дава попрецизна претстава за тоа кога ривалот на Rivian R1T ќе се појави на пазарот.

„Ние сме блиску, но магијата е во последните детали. Можеби два до три месеци“, се вели во твитот, посочувајќи дека компанијата сè уште ги завршува последните детали околу новиот автомобил.

Tesla

Tesla има објавено само една тизер фотографија од својот пикап, која навистина не ни обезбеди добра идеја за тоа што да очекуваме од надворешниот дизајн на возилото. Како и да е, претходните изјави на Маск сугерираат дека дизајнот на возилото ќе биде драстично поразличен од кој било друг модел на Tesla.

Минатиот месец беше најавено дека пикапот на Tesla ќе чини помалу од 50.000 американски долари, а ќе доаѓа со не помалку од шест седишта, влечен капацитет од 300.000 килограми и возен опсег од 645-800 километри.

Поврзани вести

Back to top button