fbpx

Tesla е подготвена да ги купи фабриките на General Motors

Извршниот директор на Tesla – Илон Маск, изјави воинтервју за CBS дека неговата компанија е подготвена да ги откупи фабриките на General Motors во САД, кои треба да бидат затворени. 

Само пред неколку дена стана јасно дека автомобилскиот гигант е подготвен да затвори петпретпријатија во САД, а со тоа ќе доведе до намалување на повеќе од 15.000 работни места.

Маск беше категоричен дека Tesla не се плаши од конкуренцијата на General Motors, кој исто така произведува и продава електрични автомобили. Неговата компанија е подготвена да инвестира многу во фабриките кои очигледно не им се потребни и сака да се затвори.

Одлуката на General Motors да затвори пет погони во САД може да има голем број негативни последици. Претседателот Доналд Трамп веќе објави дека ќе ги одземе субвенциите на американскиот производител доколку станува збор за ваков развој.

Поврзани вести

Back to top button