Tesla се подготвува за продажба?
Во април еден почитуван аналитичар, во една своја теза, најави дека следните три месеци може ќе се „повеќе од критични за калифорнискиот производител на електрични возила Tesla.", потсетува реномираното британско издание -The Economist во своја анализа на истата
Неколку недели подоцна, прогнозите за евентуални проблеми изгледа се сосема оправдани: акциите на Tesla загубија речиси една третина од својата вредност во однос на септември минатата година; производството на долгоочекуваниот „масовен” Model 3 сè уште „доцни“ со посакуваниот капацитет (едвај достигнува 2.000 единици неделно, наместо планираните 10.000); неколку нови несреќи со автопилотот на Tesla предизвикаа повторно на тапет да биде нејзината репутација.
Аналитичарите се категорични дека при сегашната стапка, со која секојдневно губи многу пари, компанијата ќе треба да собере барем 2 милијарди долари до крајот на оваа година, за да не банкротира. Експертите на Goldman Sachs дури инсистираат на тоа дека оваа бројка е тешко остварлива. Ако се земат предвид најавените нови модели како Model Y и следниот Roadster, како и потребата од рефинансирање на старите долгови, тогаш потребната сума на Tesla е 10 милијарди долари за во следните две и пол години.
Според The Economist во моментов компанијата изгледа идеалена за продажба – особено ако падот во цените на акциите продолжи уште малку, бидејќи до неодамна таа беше премногу скапо оценета (сеуште пазарната капитализација е поголема од онаа на Ford).
Големо прашање според публикацијата е кој би бил новиот сопственик.
Пред некое време свој интерес имаше еден од најголемите германски автомобилски производители Volkswagen – но тогаш цените на акциите растеа, а денес Германците веќе имаат и развиваат свои електрични модели. Некој масовен производител кој сеуште заостанува со електричниот погон, ќе е реален кандидат – The Economist дури го споменува Fiat-Chrysler. Неговиот шеф, Серџо Маркионе, објави дека иднината на Fiat ќе биде во мали електрични модели. Ваков спој ќе е добредојден за Tesla, бидејќи FCA ќе и даде производствените капацитети и know-how за да ги произведе 450-те илјади примероци од Model 3, за кои има земено депозит.
Друга верзија е технолошка компанија. Во минатото, Apple имаше интерес кон Tesla, но потоа одлучи да развие автомобили самостојно и на крајот го отфрли тој план. Waymo, автономна единица за управување со Google, исто така, би можела да има корист од компанијата на Маск. Истото важи и за кинескиот технолошки колос, интернет гигантот Tencent дури има и 5% од акциите во Tesla. Но, тој и Baidu се главни инвеститори во NIO, кинескиот конкурент на американскиот производител. Јапонскиот SoftBank, исто така, има вишок на пари и се обидува да инвестира првенствено во новите технологии. Конгломерот има удел во заедничките патни платформи како Uber и Didi, па Tesla би билa корисен додаток.
Можеби, како сугерира изданието, ќе тргне според планот на Илон Маск. Тој постојано истакнува дека претпочита компанијата целосно да биде под негова контрола, без потреба да се усогласува со надворешните инвеститори. Во моментов Маск има 19,9% од акциите, T. Rowe Price Associates држат 9.25%, Fidelity Management & Research има 8.25%, следат Baillie Gifford & Co (7.56%), Tencent Holdings (4.94%), The Vanguard Group (4.14%) и разни други помали акционери.