ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Во Германија подготвуваат сериозен удар за Tesla?!

Властите во Германија размислуваат за откажување на субвенциите за купување на електромобили од гамата на Tesla, соопштува агенцијата Reuters.

Властите во Германија размислуваат за откажување на субвенциите за купување на електромобили од гамата на Tesla, соопштува агенцијата Reuters, повикувајки се на информации од Федералното биро за управување со економија и контролата на извозот во Германија

Причината за ваквата одлука е политиката на американскиот производител на електрични возила, кој одбива да продава модели на клиенти, од гамата на Model S, ако тој не е опремен со дополнителни опции, кои ја зголемуваат цената до 60.000 евра. Најприфатлива верзија на моделот во Германија – 75D, започнува од 48.300 евра.
Германија
При преминување на границата од 60 000 евра, електромобилот не влегува во ценовната категорија за транспортни средства за кои државата доделува субвенции од по 4.000 евра. Од Tesla тврдат дека ова не е вистина и потенцијалниот клиент може да си нарача Model S без дополнителна опрема. Сепак, од компанијата на Илон Маск ветија истрага за случајот, дали германските дилери на марката преземале ваква акција на своја рака.
Германија

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker