ТЕХНОЛОГИЈА

Tesla со станиците за полнење во домовите на своите клиенти

Калифорниската компанија за производство на електрични возила Tesla почна да нуди станици за полнење што ги вградува во домовите на своите клиенти, објави британскиот весник Autocar

Калифорниската компанија за производство на електрични возила Tesla почна да нуди станици за полнење што ги вградува во домовите на своите клиенти, објави британскиот весник Autocar.

Услугата ќе чини околу 1.000 долари, првично достапна само за САД, а во подоцнежна фаза, за корисниците на брендот и во други земји. Освен тоа, во Tesla планираат да го удвојат бројот на своите корпоративни полначки станици Supercharger, а ова решение е поврзано со пласирањето на пазарот на новиот Model 3. Во моментов мрежата на полначки станици брои 5.400, но идејата е нивниот број да надмине 10.000.

клиенти

Првите Tesla Supercharger се појавија во САД во есента 2012 година. Во моментов такви станици има во Европа, Азија и Австралија. Тие веќе се платени, бидејки голем дел од клиентите на брендот ги користат како место за паркирање и така го спречуваат пристапот на други корисници.

клиенти

Сопствениците на електричниот бренд веќе ќе можат да дознаат до каков степен се „истрошени“ батериите во нивните возила, со специјално апликација на мобилен телефон. Ако возачот го земе автомобилот во рок од 5 минути по завршувањето на постапката, нема да плати ништо. Ако не го стори тоа, секоја дополнителна минута ќе наплаќа по 40 центи, а парите ќе бидат наплатени од сопственикот при следната посета на сервисот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close