ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Највредните автомобилски брендови во 2017 година

Во овогодинешното издание на рангирањето Top 100 Brands на Interbrand, каде светските марки се подредуваат по вредностите, фигурираат 16 автомобилски и мотоциклистички компании

Со највисока вредност и натаму, како во последните неколку години, е Toyota – 50.291 милијарди долари, но брендот е единствениот кој забележува  пад (-6%) во споредба со минатогодишното претставување. На второ место е рангиран Mercedes-Benz со раст од 10% до 47.829 милијарди долари, а во првите три влегува и BMW со 41.521 милијарди долари, без промена во вредноста.

Во Top 100 Brands на Interbrand се уште Honda со раст од 3% до 22.696 милијарди долари, Ford (+ 5%, 13.643 милијарди), Hyundai (+ 5%, 13.193 милијарди), Audi (+ 2%, 12.023 милијарди), Nissan (+ 4%, 11.534 милијарди), Volkswagen (+ 1%, 11.522 милијарди), Porsche (+ 6%, 10.129 милијарди), Kia (+ 6%, 6.681 милијарди), Land Rover (+ 7%, 6.095 милијарди) Harley-Davidson (+ 3%, 5.671 милијарди), MINI (+ 3%, 5.114 милијарди), Ferrari (нов во Топ 100, 4.876 милијарди) и Tesla (0%, 4.009 милијарди).

Лидер во Top 100 Brands на Interbrand е Apple со вредност од 184.154 милијарди долари (+ 3%), а во Топ 3 се уште Google (+ 6%, 141.703 милијарди) и Microsoft (+ 10%, 79.999 милијарди)

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close