fbpx

Toyota го претстави новиот CH-R

Toyota ја претстави втората генерација на својот кросовер CH-R кој во Европа пристигнува со целосно хибридна постава и PHEV верзија

Оригиналната Toyota C-HR на европскиот пазар направи бум со својот храбар стил како купе, а моделот од втората генерација ги следи тие стапки, со тоа што сега автомобилот делува свежо и под хаубата, благодарение на 100 отсто хибридната постава која за прв пат вклучува PHEV опција.

Дизајнот на новиот C-HR делува мошне препознатливо и познато , а причина за тоа е што станува збор за продукциска верзија на C-HR Prologue, која првпат беше прикажана кон крајот на 2022 година, а стилските елементи на предниот дел се користени и кај новиот Prius.

Toyota C-HR

Работите се исто така пософистицирани внатре, иако двојните екрани од 12,3 инчи што се гледаат на овие слики се само репрезентативни за посилните модели, а основната верзија се задоволува со дисплеј од 8,0 инчи. Но, Toyota нуди многу технологија за оние кои ќе одлучат да платат за тоа, вклучително и дигитален клуч, пакет напредни безбедносни системи со возење без раце во сообраќаен метеж и целосно автоматска функција за паркирање на далечина управувана од паметен телефон, за која Toyota вели дека е единствена во класата.

Toyota C-HR

За првпат PHEV

Веројатно најголемиот технолошки напредок е под хаубата, каде што Toyota прави plug-in погонска единица достапна за прв пат на C-HR. PHEV со погон на предните тркала комбинира 2,0-литарски бензински мотор со електричен мотор за вкупно 223 КС и способност за забрзување од место до „стотка“ од 7,3 секунди до 100 км/ч. Тојота вели дека се нуди 66 километри електричен опсег на возење, но она што е интересно е тоа што користи технологија за geofencing за да препознае кога C-HR влегол во зона со ниски емисии и автоматски ќе се префрли на ЕВ режим, претпоставувајќи дека имате доволно полнење.

Toyota C-HR

Останатите мотори се исто така хибридни, но не можат да се приклучат. Најнискиот од нив е погонот на предните тркала 1,8 со 140 КС на кој му требаат 9,9 секунди за да достигне од место до 100 километри на час, додека се зголемува до 2,0-литарскиот верзијата ја зголемува моќноста до 197 КС. Верзијата 2.0 е, исто така, единствениот C-HR достапен со погон на сите тркала, а во оваа верзија спринтот од место до „стотка“ се намалува временски од 8,1 на 7,9 секунди.

Оние кои ќе сакаат нивниот C-HR да изгледа како да е GR, имаат можност да го изберат GR Sport Premiere Edition, кој доаѓа со уникатна решетка, тркала од 20 инчи, GR значки, спортски седишта со GR логоа и силна листа на стандардна опрема која вклучува head-up дисплеј и премиум аудио систем JBL. Вториот специјален модел, High Premiere Edition, ги губи деталите GR, но додава перфорирани кожни седишта и панорамски покрив.

Новиот C-HR е веќе достапен за нарачка во Европа, а цената најверојатно ќе започне од околу 35.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button