Toyota изгради цел футуристички град во Јапонија
Toyota Woven City ќе биде дом на семејства и иноватори кои ќе имаат за цел да го унапредат општеството

Додека светот беше насочен кон CES во Лас Вегас, Toyota ја презентираште својата најголема иновација на илјадници километри оттаму – но не станува збор за нов автомобил, туку за цел град.
Првата фаза од изградбата на Toyota Woven City е завршена, а официјалното отворање е планирано за есента. Оваа визија, која беше првпат објавена на CES во 2020 година, е поставена на местото на поранешната фабрика на Toyota, Higashi-Fuji, во Сусоно, Јапонија.
Визија за нов начин на живот
Со започнувањето на изградбата во 2021 година, локацијата е трансформирана во комбинација од корпоративен и заеднички простор. Во рамките на Woven City се наоѓаат повеќе станбени комплекси со прекрасни балкони, стаклени згради со модерна архитектура, централен парк и подигната платформа која ги поврзува различните структури.
Во првата фаза, околу 100 жители ќе се вселат, главно вработени на Toyota и нивните семејства. Овој број ќе се зголеми на 360 жители, додека целосната популација на Woven City ќе достигне околу 2.000 луѓе.
Кои се жителите на Woven City?
Жителите ќе бидат познати како Weavers, а ним ќе им се придружат и Inventors – луѓе кои се посветени на развој на иновации за општо добро. Овие визионери ќе се фокусираат на тестирање и валидирање на нови производи и услуги, вклучувајќи:
- Простори без полен.
- Иновативни концепти за вендинг машини.
- Истражување на културата на исхрана и футуристички кафулиња.
Поглед кон иднината
Многу од овие иноватори ќе доаѓаат од Toyota или компании од Toyota Group, но Woven City ќе биде и отворен простор за соработка со други организации. Градот има за цел да стане центар за создавање решенија кои ќе го обликуваат идниот начин на живот, работејќи на идеи кои ги обединуваат луѓето и технологијата.
Woven City не е само иновациски центар, туку и пример за тоа како компаниите можат да ја редефинираат урбаната средина и заедничкиот живот.