ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Toyota ќе изгради концептно вселенско возило

Наместо далечински управуван, новиот “ровер” на Toyota ќе биде контролиран директно од екипажот, а како погон ќе ја користи водородната технологија

Toyota и Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA) ги завршија преговорите и потпишаа тригодишен договор за продолжување на развојот на создавање на екипен лунски ровер, наменет за движење по Месечината.

Возилото како погон ќе ја користи технологијата на горивните ќелии, односно водородот. Финалните подготовки и спецификации за вселенското возило треба да се комплетираат до крајот на оваа година, со што производството на потребните компоненти ќе започне во 2020 година, а тестирањето на деловите ќе се случи во 2021 година.

JAXA

Според прелиминарните параметри, лунарниот ровер ќе биде долг 6 метри, висок 5,2 метри и 3,8 метри широк. Внатрешноста ќе доаѓа со капацитет од 13 кубни метри, со што ќе овозможи доволно простор за функционалност на двајца астронаути. Во прилог на погон на горивни ќелии, ќе има соларна ќелија за полнење на батериите.

JAXA сака астронаутите да можат да работат од роверот во времетраење од шест, а возилото да може да покрие 1.000 километри. Кабината ќе биде со регулиран воздушен притисок, што значи дека нема потреба од носење на астронаутските одела во возилото.

Планот е целосниот прототип да е готов до 2020 година, за да може производната верзија да се изработи и да се вклопи во ракетата до 2027 година. Доколку роверот стигне на Месечината, JAXA има намера да го користи за истражување на поларните региони таму, вклучувајќи и испитување на замрзната вода во оваа област.

Во 40-минутното видео детално е објаснет планот за што тоа Toyota и JAХА сакаат да изградат.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close