fbpx

Тoyota е повторно најскапата марка

Списанието Forbs го објави годишно рангирање на најскапите брендови, а во Топ 100 се најдоа 12 марки на автомобили

Првото место кај автомобилските компании е за Тoyota, која е деветта во вкупниот пласман, со вреднување од 44,7 милијарди долари, а во споредба со минатата година, компанијата објави раст од 9 отсто во рејтингот. Во првите 20 има уште две марки – Mercedes на 13 место со проценка од 34,4 милијарди долари и BMW на 20-то со вреднување од 31,4 милијарди долари. „Сребрената стрела“ има двојно поголем пораст од оствареното лани од Баварците – 18% во однос на 9%.
Тoyota

Во Топ 50 има уште три брендови: Honda на 24 место (25,5 милијарди долари), Audi на 37-то (14,8 милијарди долари) и Ford на 42 -то со 14,1 милијарда долари. Во нивна близина се Chevrolet на 56-та позиција (11,5 милијарди долари) и Porsche на 58-та (11 милијарди долари). Од другите марки во оној круг на највреднуваните 100 компании во светот се Lexus (69, 9,5 милијарди долари), Nissan (70, 9,4 милијарди долари), Hyundai (75, 8,7 милијарди долари) и Volkswagen (90, 7,9 милијарди долари).

Првото место во вкупниот пласман е за Apple со 182,8 милијарди долари, а во Топ 3 се Google и Microsoft.

Поврзани вести

Back to top button