Третиот модел од VinFast се покажа како Opel, а не BMW
Виетнамската компанија VinFast создадена од најбогатиот човек во земјата, предизвика огромен интерес на автосалонот во Париз во октомври
Компанијата во Париз ги претстави својот седан VinFast Lux A2.0 врз основа на BMW 5-Series и кросоверот VinFast Lux SA2.0 , врз основа на BMW X5. Објавено е дека производството на двата модели ќе почне следната година во Ханој и ќе чини 3,5 милијарди долари.
Излегува дека, првиот и најважен модел на компанијата ќе биде сосема поинаков автомобил, кој официјално беше претставен во Ханој. Тоа е VinFast Fadil, кој е клон на европскиот хечбек Opel Karl Rocks.
Во случајот нема копија бидејќи уште во јуни оваа година Виетнамците потпишале договор со концернот General Motors, кој ги држи правата на моделот. Самиот Opel Karl е развиен пред германската компанија да стане сопственост на PSA Group, па проблем од страна на Французите нема да има.
Основач на проектот е извршниот директор на VinFast Џејмс Де Лука, поранешен потпретседател на GM. Заедно со него e еден од главните дизајнери Дејвид Лион, кој ќе биде одговорен за стилот на VinFast. На изглед VinFast Fadil се разликува од Opel Karl Rocks само по амблемот и решетката на ладилникот.
Автомобилот е опремен со 1.4 литарски мотор од 98 КС и варијабилен менувач. Основната верзија има воздушни перничиња, ABS и клима уред. Поскапите верзии нудат 6 воздушни перничиња, ESP, автоматски клима уред, мултимедијален систем и камера за возење наназад.
За производство на хечбекот, VinFast ја купи фабриката на GM во Ханој. Таа има капацитет од 30.000 автомобили годишно, а во неа се составуваат претходните генерации на Chevrolet Aveo, Captiva, Cruze, Orlando и Spark кои се испорачувале на делови од Јужна Кореја. Оваа шема ќе се повтори со Fadil, кој ќе биде достапен на пазарот во 2019 година и ќе чини 18.000 долари.