fbpx

Тркачкиот VW Golf GTI TCR веќе развива 350 „коњи“

Во следната сезона Volkswagen ќе учествува во најпопуларниот шампионат - TCR, со обновена верзија на Golf VII GTI

Промените на тркачкиот автомобил беа официјално потврдени на премиерата на салонот во Есен, во Германија.

TCR или Touring Car Racing е глобална натпреварувачка платформа, создадена од поранешниот шеф на светскиот шампионат за туристички автомобили (WTCC) Марчело Лоти, откако тој го напушти првенството. Според правилата на TCR, може да се вклучат тркачки автомобили кои се релативно блиску до нивните стандардни модели, што значи пониски трошоци за тимовите.

TCR веќе има светско првенство, неколку континентални трки и голем број национални првенства. А, најголемата победа на Лоти дојде во крајот на 2017 година, кога стана јасно дека за 2018 WTCC ги прифаќа техничките правила на TCR, за да „преживее како светски шампионат“.

GTI

VW Golf GTI TCR

Тркачкиот Golf GTI TCR е управуван од доработен мотор од серискиот GTI, 2.0- литарскиот 4- цилиндерски турбо мотор, кој веќе има моќност од 350 КС и 420 Nm вртежен момент. Моторот ги движи предните тркала преку 6- брзински секвенцијален менувач. Оваа година Французинот Жан- Карл Верне ја освои светската титула во TCR International зад воланот на Golf GTI, а првите тркачки модифицирани автомобили ќе стартуваат со тимовите во јануари.

Поврзани вести

Back to top button