fbpx

Турција ќе прави национален автомобил

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, најави дека во земјата е создаден конзорциум од пет големи компании, чија цел е создавање на првиот автомобил од сопствено производство

Бидејќи правење на вакво превозно средство е прилично комплексна работа, најверојатно за основа ќе биде земена машина од добро позната марка, тврдат медиумите во земјата. Новиот конзорциум ги вклучува компаниите BMC, Anadolu Group (Isuzu), Kiraca Holding, Zorlu Holding и телекомуникацискиот гигант Turkcell.

-Се надевам дека конзорциумот за производство на национален автомобил на Турција ќе го претстави подготвен прототип уште во 2019 година, а во 2021 ќе започне продажбата на сериската машина, изјави Ердоган, цитиран од весникот Sabah.

 

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, додаде дека новиот автомобил ќе се нуди не само во земјата, туку и во странство. Според него, во Турција има доволно квалитетни инженери за да се справат со предизвикот и задачата. Сето ова изгледа прилично чудно, бидејќи дизајнот на сосема нов автомобил трае со децении. Тоа е уште покомплицирано во земја која никогаш целосно не произведува сопствена автомобил.

Турција

Експертите проценуваат дека оваа инвестиција ќе чини најмалку една милијарда долари.
Сепак, треба да се потсетиме дека во 2015 година Турција купи интелектуалните права на Saab 9-3, целта беше да се направи нов автомобил, целосно локално производство. Турците немаат права врз самата марка Saab, но најверојатно токму моделот 9-3 ќе биде искористен за основа на идниот автомобил. Идејата е дека најмалку 85% од компонентите на новиот автомобил се произведуваат локално.

Поврзани вести

Back to top button