fbpx

„Уловен“ новиот 718 Boxster Spyder

Porsche го тестира новиот 718 Boxster Spyder и не е тајна дека наскоро ќе биде официјално претставен. За време на последните тестирања беше „фатен“ на Нирбургринг.

Спортскиот автомобил е практично без камуфлажа, иако ако се погледне од поблиску ќе забележите црни ленти поставени на одредени места. По симнувањете на дел од камуфлажата најинтересно кај новиот Spyder се секако црвениот покрив, задниот спојлер и завршетоците на издувот. Прототипот изгледа дека има пониско тежиште, бидејќи на изглед е „поблиску до патот“ во споредба со 718 Boxster GTS и може да се пофали со хоризонтална лајсна која дели горниот дел на предниот браник од капакот по примерот на 911 GT3 / 911 GT3 RS.

Boxster се очекува да го наследи атмосферски 4.0-литарски шестцилиндричен мотор од неговиот постар брат, но дефорсиран во споредба со GT3. Моторот ќе има максимална моќност од преку 400 коњски сили. Porsche најверојатно ќе продава 718 Boxster Spyder со стандарден мануелен менувач и опционален PDK.

Во меѓувреме, очекуваме 718 Boxster Spyder, официјално да биде претставен во наредните недели.

Поврзани вести

Back to top button