fbpx

Викенд тарифа: Го искрши својот Mustang на празен паркинг

За возачите на Ford Mustang во Америка има необичен стереотип и ги бие лош глас. Не минува ден а некој да не се искрши, некогаш на мошне смешен начин

Голем број сообраќајни несреќи во САД се дело токму на Mustang автомобили, а редовно поради вина и последица на грешка на возачите. Тешко е да се каже зошто е сето тоа. Најновото видео прикажува еден сопственик на Mustang кој снима друг свој „колега“ и неодговорен возач. „Еве зошто возачите на Mustang се на лош глас. Излегов со девојката на еден моите омилени паркинзи, а потоа се појави тип во Мustang 5.0 и одлучи да прави егзибиции“, пишува во описот на видеото. Тој продолжи да снима и за кратко на забавата и дојде крајот. Возачот малку се занесе, а автомобилот заврши искршен на празен паркинг.

Поврзани вести

Back to top button