fbpx

Утре деби за Rolls-Royce Cullinan

Утре, 10 мај, ќе се одржи светска премиера на едно од најважните возила во историјата на легендарниот бренд Rolls-Royce

Всушност, ќе бидеме сведоци на појавата на сосема новиот SUV, моделот Cullinan, кој ветува дека ќе стане следен бренд репер во луксузниот сегмент. Деталите за Rolls-Royce Cullinan се уште се „чуваат во тајност“, но од брендот сепак открија дека тој ќе се нуди со уникатен пакет наречен Viewing Suite, кој ветува да понуди две исклучително интересни и софистицирани поставувања за набљудување за време на авантурите надвор од асфалтот.

Пакетот е автоматизиран и се активира со копче, а потоа се извлекуваат неколку елегантни столици и маса од подот на товарниот простор. До премиерата во понуда е тизер фотка, но досега бае објавени голем број фотографии од моментите кога возилото беше „уловено“ за време на тестирањата, се разбира со доза на камуфлажа.

Rolls-Royce Cullinan

Rolls-Royce Cullinan

Поврзани вести

Back to top button