fbpx

Увозните давачки на Трамп може да ја спречат РЅА да се врати во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Европа со 25 отсто царина за увезените автомобили

Ова драстично ќе влијае не само на странските фабрики, туку и на домашниот пазар во САД, бидејќи овие мерки сметаат експертите ќе доведат до зголемување на цените на возилата. Воведувањето на тарифите ќе претставува вистинска катастрофа и за PSA Peugeot-Citroen, бидејќи францускиот концерн е близу до враќање на американскиот пазар и таквата промена може дури и да ги разочара нивните планови.

Извршниот директор на PSA за Северна Америка, Лари Доминик, посебно потенцира дека давачките многу ќе влијаат на цената и времето потребно за да се добие автомобил преку Океанот.

PSA

Тој додаде дека францускиот производител на автомобили веќе почна да ги дизајнира своите идни модели кои ги задоволуваат американските барања за безбедност и емисии. Да напоменеме дека РЅА го напушти американскиот пазар во 1991 година. Министерството за трговија на САД во моментов испитува дали влијанието на увезените автомобили на домашниот пазар претставува закана за националната безбедност.

Ова е единствениот правен начин според кој претседателот може да ги наметне новите тарифи. Слободно може да се каже дека ова е многу непопуларна понуда и речиси сите вклучени, политичари, производители на автомобили, добавувачи и економисти се противат на воведувањето на царините.

Поврзани вести

Back to top button