ВИДЕОНАСЛОВНА

Volvo ja претстави специјалната V90 Cross Country Volvo Ocean Race

За да го одбележи отворањето на Volvo Ocean Race 2017/18, како и да помогне во борбата против неселективно исфрлање на пластичен отпад во океаните, Volvo разви специјална тематска серија V90 Cross Country Volvo Ocean Race

Со купувањето на претставник на серијата V90 Cross Country Volvo Ocean Race, секој корисник ќе придонесе за помагање на научната програма на Volvo Ocean Race. Од Volvo потврдија дека компанијата ќе донира по 100 евра од првите 3.000 реализирани единици од серијата.

Во оваа година, научната програма програма на Volvo Ocean Race ќе опреми јахти со специјален сет сензори кои ќе собираат постојано податоци за водата, па на тој начин ќе можеме да сметаме на поточни предвидувања и климатски модели на глобално ниво. Тематски V90 Cross Country Volvo Ocean Race се одликува со бројни нови стилистички елементи, а имплементирани се и компоненти направени од рециклирани материјали, вклучувајќи од искинати рибарски мрежи и елементи исфрлени од морињата и океаните.

V90 Cross Country Volvo Ocean Race

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close