Веќе 15 брендови го откажаа учеството на салонот во Париз
Бројот на брендови кои нема да учествуваат на есенскиот салон за автомобили во Париз се зголеми на вкупно 15, откако Alfa Romeo, Fiat и Jeep ја објавија својата одлука. Салонот во Градот на светлината ќе се одржи од 2 до 14 октомври.
Навистина никој не очекуваше дека волкав број на компании нема да настапат на оваа реномирана и богата со традиција манифестација, која со децении ги привлекува посетителите токму со највредните автомобилски остварувања во тој момент. Претходно од мотор шоуто во Париз се откажаа Nissan, Volkswagen (сепак Audi, Porsche, Seat и Skoda ќе се појават на салонот), Volvo, Opel, Mazda, Infiniti, Mitsubishi, Subaru, Ford, DS Automobiles, Rolls-Royce и Аston Martin. Исто така, се очекуваше дека Lamborgnini нема да учествува, но компанијата официјално потврди дека ќе се појават со штанд на шоуто. Интересен е фактот што сепак други две компаниина на Fiat Chrysler Automobiles ќе се најдат во Париз, Maserati и Ferrari.
Одрекувањето од традиционалните салонски манифестации од страна на големите производители станува се повообичаено. Компаниите Audi, Mercedes-Benz и BMW веќе најавија дека нема да ги изложат своите автомобили на најголемата салонска манифестација во Северна Америка, во Детроит, во јануари 2019 година.