Викенд тарифа: Alfa Romeo 4C на мегдан со Ferrari Pista и McLaren 600LT

Уште на прв поглед е веќе јасно кој автомобил е најбавен од сите три, но тоа не ја прави оваа драг трка помалку интересна

Секако, на прв поглед се знае кој автомобил е најбавен од сите три, но тоа не ја прави оваа драг трка помалку интересна, а што е уште поважно, треба да ни помогне да го најдеме одговорот на прашањето – Како спортски автомобил може да се спореди со суперавтомобил во драг трка?

Момците од 888MF каналот на YouTube зедоа Alfa Romeo 4c, Ferrari 488 Pista и McLaren 600LT. За да се добие една општа слика, Ferrari доаѓа со 3,9-литарски V8 со 710 КС, McLaren ima 3,8-литарски V8 со 592 КС, a Alfa Romeo 4C доаѓа со „скромен“ 1,75-литарски мотор со 280 КС. Тоа воопшто не делува како фер битка.

Но, идејата на оваа трка е да се демонстрира разликата меѓу суперавтомобил и спортски автомобил. Резултатот е очигледен, но мора да се признае дека 4C имаше одличен настап со оглед на тоа колку помали и послаби перформанси има од своите противници.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close