fbpx

Викенд тарифа: Лути ривали кои се почитуваат и поддржуваат

Двата германски автомобилски гиганти, BMW и Mercedes, ја искористија празничната атмосфера за да си искажат меѓусебна почит

BMW и Mercedes се совршен пример за вечно ривалство во автомобилската индустрија. Двата германски автомобилски гиганти се натпреваруваат во иста трка и во најголем број од случаевите се борат за истата група на купувачи. Меѓутоа, овие два производители на автомобили отсекогаш, на вистински џентлменски начин, одржувале еден посебен однос

И сега двата врвни бренда ги здружуваат силите за да се промовираат еден со друг. Во знак на поддршка на кампањата „Да се држиме заедно“, двата бренда ги изложија електричните SUV модели на конкурентот во своите салон со цел да ја „подигнат светста за духот на локалната заедница“ и да заговараат „локална посветеност на одржливиот развој“ во градот Минхен.

Така Mercedes меѓу сопствените возила најде место за електричниот BMW iX3, додека во музејот BMW Welt во Минхен баварскиот производител го изложи електричниот Mercedes-Benz EQC 400.

Поврзани вести

Back to top button