fbpx

Викенд тарифа: Corvette C8 против Ferrari и McLaren

Chevrolet Corvette C8, покрај својот атрактивен изглед со кој несомнено воодушевува, исто така делува фантастично и на тркачката патека

Во ова видео објавено на каналот Speed Phenom на YouTube, може да се забележи како Corvette C8 „напаѓа“ неколку модели на McLaren и Ferrari 458, а местото на настанот е Willow Springs тркачката патека во Калифорнија. Мора да се напомене дека ова не е трка, туку само возачи ентузијасти кои се нашле со своите суперспортски автомобили во исто време на патеката.

Како и да е, чувството е неверојатно да возите спортски суперавтомобил на било која патека, особено ако притоа има некој да ви прави друштво на самата патека со цел да поттикне натпреварувачкиот дух и малку да се „зачинат“ работите.

Поврзани вести

Back to top button