fbpx

Викенд тарифа: Егзотичен тјунинг

Како еден автомобилски ентузијаст ужива во својот нов луксузен автомобил? Секако, модифицирајќи го… 


Изминатата година, британскиот производител на луксузни автомобили, Rolls Royce имаше прилично успешна година, со продадени 3.362 примероци од моделите Ghost, Wraith и Dawn. 
Никој не модифицира егзотични возила како јапонците. Додека познатите личности само сакаат да се докажат пред другите дека возат најскап автомобил во градот, луѓето од земјата на изгрејсонцето само сакаат да се издвојуваат од другите. 
Така, еден страсен јапонски ентузијаст по име Манабу Гото, решил на интересен и уникатен начин да ги модифицира своите автомобили.

tuning

Луѓето од земјата на изгрејсонцето само сакаат да се издвојуваат од другите

Да почнеме со неговиот Rolls Royce Dawn. Белото купе е опремено со целосен боди кит од компанијата Wald, суспензија која му овозможува максимално намалување на висината на возилото, како и Forgiato Troppo-ECL модуларни алуминиумски 24-инчни фелни со црвени детали кои одговараат на кочните шепи. Фелните му прилегаат одлично на овој Rolls Royce, и покрај тоа што може да се забележи дека неколку пати го погодиле тротоарот, што сепак е нормално при возење на фелни со таква големина по градските улици.
Едно е сигурно, благодарени на овие модификации, удобоста и комфорот при возењето на овој Dawn не се повеќе исти, но сепак тоа не е и баш поентата во конкретниов случај. 
Вкусот на овој јапонски ентузијаст е далеку од суптилен, а тоа се докажува и со неговиот втор автомобил, Lamborghini Aventador SV Roadster. Привлечниот супер автомобил е модифициран по вкусот на Гото, па така тој е офарбан во одлична металик розева боја, чии стил е надополнет со масивни фелни во истата боја. 

tuning

Вкусот на овој јапонски ентузијаст е далеку од суптилен

Секогаш ќе има сопственици кои ќе сакаат да направат своето елитно возило да биде поинакво од другите, а тие на Гото навистина се истакнуваат.

погледнете ја галеријата

Поврзани вести

Back to top button