fbpx

Викенд тарифа: Херој успеа да спаси патници од возило во пламен

Една драматична снимка ни открива колку малку недостасувало за една сообраќајна несреќа да заврши трагично за сите патници кои се нашле во возилото

Снимката од надзорната камера од регионот Чонгкинг во Кина, го прикажува моментот на превртување на семејниот миниван, иако причината за такво нешто е непозната. Како и да е, возилото се превртело, а на патот започнало да течат течности од просторот на моторот. Се појавил чад, а кратко потоа и пламен. Оганот набрзо го фати поголемиот дел од автомобилот, а патниците не може а да се ослободат и да излезат. Еден од нив се обиде да ја отвори вратата, но не успеа. И тогаш, во последен момент, пристигнува еден минувач кој успева да го скрши стаклото, по што ги ослободува сите патници кои се во огнената кабина.

Властите објавија дека помошта стигнала 14 минути по несреќата, што е доволно само да се изгаси неповратно оштетениот автомобил. За среќа, во несреќата никој не страдал сериозно.

Поврзани вести

Back to top button