Викенд тарифа: Идеален празничен подарок од Lamborghini

Нема потреба да се потсетуваме дека пандемијата на коронавирусот зададе огромен удар, не само во автомобилската индустрија, туку и ви нашите приватни животи

2020 си замина, а со голем ентузијазам ја пречекуваме 2021. Пандемијата на коронавирусот не заврши, но сите се надеваме дека тоа ќе се случи во следните 12 месеци. Некои земји веќе започнаа да се враќаат во нормала, други почнаа со вакцинација, а трети се уште доживуваат пикови. Строгите карантини и социјалното дистанцирање станаа клучот во надежта дека ќе се спречи ширењето на коронавирусот. А тоа е посебно тешко за време на овие празнични сезони.

Во согласност со сезоната, Lamborghini лансираше божиќна реклама во која главната улога ја имаат татко и син кои се раздвоени поради коронавирусот. Рекламата започнува со таткото кој добива подарок – уред за виртуелна реалност. Кога го вклучува, се наоѓа зад управувачот на Lamborghini. Рекламата завршува со порака од синот која вели „нашата пасија е посилна од дистанцата“, алудирајќи на нивната врска која е заснована на љубовта кон брзите автомбоили.

Навистина одлична реклама од страна на италијанскиот производител.

Поврзани вести

Back to top button