fbpx

Викенд тарифа: Jeep го „преработи“ Groundhog Day по пандемиска мерка

Легендарниот производител на теренски возила ја преправи својата оригинална реклама инспирирана од филмот Groundhog Day и ја адаптираше во пандемиски контекст

Со мерките наметнати за прекин на ширењето на пандемијата на коронавирусот, секој ден како да се повторува, исто како и во култниот филм Groundhog Day. Во обид да ги поттикне Американците да останат во своите домови, кога тоа е возможно, Fiat Chrysler го оживеа својот рекламен спот за Jeep наменет првично за Super Bowl, Groundhog Day во кој настапува актерот Бил Мареј, како дел од серијата видеоспотови за социјалните медиуми за својата марка и пандемијата на коронавирусот.

Наречен Same Day (Ист ден), во новиот спот од наградуваната реклама за годинешниот Super Bowl, наречена „Groundhog Day“ според истоимениот филм во кој се појавува Бил Мареј како Фил Конорс од култното остварување од 1993, работите се малку променети. Наместо Мареј да излезе и да седне во својот Jeep Gladiator, тој останува во кревет. Видео записот ги поттикнува луѓето да останат дома со хаштагот #StayOffTheRoad: „Разбираме дека секој ден почнува да изгледа исто. Остани дома. Остани здрав. Кога ова ќе заврши, патиштата ќе те чекаат“.

Во вториот спот од серијата под називот Safety First With Bill Murray, Фил Конорс излегува од својот дом, но сепак на крајот решава да се врати и повторно да легне в кревет. Оливие Франсоа, главниот директор за маркетинг на Fiat Chrysler, истакнува дека компанијата сака да „испрати порака за надеж, солидарност и оптимизам кај сите оние кои го вршат својот дел од работата против ширењето на коронавирусот, луѓето кои остануваат дома и на оние кои работат на фронтот“. Тој додаде дека сака да ги охрабри Американците кои можат да останат „off the road“ (надвор од патиштата) бидејќи така ќе им помогнат на сите што е можно побрзо да се вратат на истите.

Актерот Бил Мареј му овозможи на производителот на автомобили бесплатно да ги користи снимките од оригиналниот оглас за годинешниот Super Bowl.

Поврзани вести

Back to top button