fbpx

Викенд тарифа: Како Aston Martin Valkyrie ја добива својата моќ

Aston Martin Valkyrie е вистинска „ѕверка“ од автомобил, а неодамна се појави и на улиците во Англија како дел од тестирањето

Од Aston Martin тврдат дека Valkyrie е најбрзиот „цивилен“ автомобил кој компанијата го развива заедно со Red Bull Racing, a моторот за овој модел го развива Cosworth. Valkyrie се напојува со 6,5-литарски V12 мотор кој произведува 1.000 КС и 740 Nm максимален вртежен момент.

За да се произведе ваков мотор, а притоа да се внимава на емисијата на штетни гасови воопшто не е лесно, но Aston Martin направи прототип на моторот со три цилиндри со цел да ги тестира неговите можности. Како изгледа да се направи еден таков мотор објаснето е во видеото кое е во прилог, а дури и Formula 1 возачот Макс Ферстапен го пофали Valkyrie и изјави дека станува збор за сосема нова „ѕверка“.

Поврзани вести

Back to top button