Викенд тарифа: Како Ford го промени светот со производната лента
Производната лента на Хенри Форд со сигурност е најпознатата во историјата на автомобилската индустрија, а благодарение на неа Ford го промени светот
Автомобилите го променија начинот на кој луѓето живеат, работат и уживаат во слободното време, меѓутоа она што повеќето луѓе не го сфаќаат е дека процесот на производство на автомобили имал подеднакво важно влијание на индустријата. Создавањето на производната лента на Хенри Форд во својата Ford фабрика во Хајленд Парк, претставена на 1 декември 1913 година, ја револуционизираше автомобилската индустрија и концептот за производство ширум светот.
Хенри Форд не ја измисли производната лента, но ја подобри и унапреди со тоа што ја стави во движење, носејќи го производот кај работниците, наместо тие да се движат наоколу. Сепак, едно е да се прочита за тоа, а сосема друго е да се види на дело како функционирало ова, за тоа време, револуционерно откритие. Во прилог можете да го погледнете видеото кое нуди свежа перспектива на овој момент кој ја промени производствената историја.