fbpx

Викенд тарифа: Колку F1 пневматиците влијаат на перформансите

Дали сет на пневматици кои се користат во Formula 1 можат да претворат нормален автомобил во високо-перформансна ѕверка?

F1 тимовите вложуваат голем дел од времето и фокусот само на пневматиците, се со цел да се постигнат подобри перформанси, но како оваа компонента влијае на обичен автомобил? Момците од Driven Media решија да го испробаат ова и го опремија својот Caterham 270R со F1 пневматици.

Оние кои се фанови на најбрзиот циркус на планетата тогаш знаат колкава е опседнатоста во овој спорт со пневматиците. Pirelli е единствениот снабдувач на пневматици во Formula 1 во моментов и е една од само неколкуте компоненти кои ги споделуваат сите Formula 1 тимови.

Колку овие пневматици имаат влијание врз перформансите, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button