Викенд тарифа: Кружен тек на дното на Атлантскиот океан

Можеби звучи чудно, но завршени се сите работи на првиот подводен кружен тек изграден во Атлантскиот океан и ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели

Овој амбициозен проект е дело на Фарските острови. Како дел од новиот, 11 километри долг тунел на дното на океанот, кој поврзува два од вкупно 18-те Фарски острови, кружниот тек не е само функционален, туку и вистински архитектонски дијамант. За уредувањето на овој кружен тек и неговите сини светла, заслужен е фарскиот уметник Трондур Патурсон.

Најниската точка на тунелот Ејстурој лежи 189 метри под морската површина. Фарскиот парламент во 2014 година ги одобри плановите за изградба на тунелот со намера главниот град Торшавн да се поврзе со две точки на островот Ејстурој – Рунавик и Стрендур. Тунелот ќе ја скрати оддалеченоста меѓу Торшавн, кој се наоѓа на најголемиот и најнаселениот остров Стремјој, до две села на Ејстурој, од 55 на 17 километри. Тоа ќе го намали времето на возење од повеќе од еден час на само 15 минути.

Поврзани вести

Back to top button