fbpx

Викенд тарифа: Lexus LFA и Lamborghini Huracan STO во V10 драг битка

Lexus LFA и Lamborghini Huracan STO се најдоа рамо до рамо во оваа интересна и необична драг трка на суперавтомобили со V10 мотори

Споредувањето на модерните суперавтомобили со моделите од највисокото ниво од пред неколку години ни овозможува да го видиме техничкиот напредок на овие машини. Споредбата во ова видео е особено забавна бидејќи и двата модели имаат атмосферски V10 мотори кои звучат неверојатно. Станува збор за Lexus LFA наспроти Lamborghini Huracan STO.

Денес, Lexus LFA може да достигне и до 1 милион долари, а со оглед на вредноста, драг трките со овој автомобил се вистинска реткост. Неговиот 4,8-литарски V10 е меѓу моторите со најдобар звук, а испорачува 552 КС и 480 Nm. Huracan STO од друга страна е суперавтомобил за патеките, а 75 одсто од каросеријата е изработена од карбон. Се напојува со 5,2-литарски V10 кој испорачува 630 КС и 565 Nm.

Поврзани вести

Back to top button