ВИДЕОИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Викенд тарифа: M2 vs. Mustang

Баварска против американска сила. Кој ќе ја освои тркачката патека

Баварската ѕверка овој пат доби шанса да си ги измери силите против најпопуларниот американски мускул. Рамо до рамо со добро познатата американската легенда, бесниот BMW M2 со својот 3,0 литарски шест-цилиндарски турбо мотор, смело стои наспроти V8 природно аспирираната 5,0 литарска единица на моќниот Ford Mustang.

На едната страна, американското купе доаѓа во изведба со 410 коњски сили и 530 Nm вртежен момент, додека пак германското купе располага со нешто помалку, односно 360 коњски сили и 500 Nm.

Сепак, нека не ве лажат бројките. Резултатот е навистина неочекуван.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close