fbpx

Викенд тарифа: Model 3 Performance vs. BMW M3

Конвенционален против електричен погон, што мислите, кој ќе ја освои тркачката патека?

Поттикнати од твитовите на Елон Маск, каде тој се фали со перформансите на својот Model 3, дечките од TopGear решија да му ги измерат силите на овој електрик, а како идеален ривал го избраа моќниот BMW M3.

На тркачката патека, изведувањата на овие два модели се споредени во четири дисциплини и тоа: драг трка, тест на забрзување и успорување, односно 0-100-0, жежок круг и секако, дрифт тест. Што се однесува до перформансите на овие возила, Tesla Model 3 Performance доаѓа со моќност од 444 коњски сили и вртежен момент од 638 Nm, испорачани од едно-степен менувач и погон на сите четири тркала, додека пак погонската единица на BMW M3 му обезбедува моќност од 425 коњски сили и 550 Nm вртежен момент, пренесени преку седум-степен автоматски менувач и погон на задните тркала.

Според производителите, Model 3 од 0 до 100 забрзува за 4,1 секунда, а M3 100-ката ја достигнува за 3,5 секунди. Во поглед на тежината, моделот на BMW е полесен со 1560 килограми, додека Tesla тежи 1850 килограми.

Видеото е навистина интересно, а резултатите сигурно ќе ве изненадат.

Поврзани вести

Back to top button