Викенд тарифа: Најреалната реплика на Cybertruck се појави во Босна
Еден Tesla ентузијаст во Босна и Херцеговина ја направи најреалната реплика на Cybertruck која се појавила досега, а возилото е толку добро направено што може и Елон Маск да му позавиди
Tesla Cybertruck привлече огромно внимание, но електричниот пикап се уште не е влезен во производство, а исто така конечниот изглед на продукцискиот модел се очекува да биде нешто поинаков во однос на она што беше прикажано на промоцијата. Како и да е, голем број љубители на Tesla, но и автомобилски ентузијасти се обидоа да направат своја верзија или реплика на Cybertruck, но најдобрата и најреалната пристигнува од Босна и Херцеговина.
https://www.instagram.com/p/CD4TMThphUP/?utm_source=ig_embed
Детали за оваа реплика на која може да позавиди и лично Елон Маск има малку. Не е познато каков погон и на каков автомобил е базирана оваа реплика, но на видеата можеме да видиме дека без проблеми овој Cybertruck си вози по улиците низ Босна.
https://www.facebook.com/teslacroatia/videos/297774598175147/
Инаку, оваа реплика ги има истите масивни пропорции како Cybertruck прототипот, како и слични челични панели. Тука се истите дизајнерски линии, а дури ја има и LED светлосната лента на покривот, како и светлосната лента која ги поврзува предните светла. Дури и тркалата и гумите изгледаат идентично со вистинскиот Cybertruck.
https://www.instagram.com/p/CDuP0AvJqls/?utm_source=ig_embed
Но, тоа не е се. Лицето задолжено за овој домашно направен автомобил има и ентериер виртуелно идентичен како пикапот. Тука е мермерната централна конзола, футуристичкиот управувач, стаклениот покрив и централен екран на допир како во Tesla Model 3.
https://www.instagram.com/p/CDzEMALJkGM/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CDvUsREpDUx/?utm_source=ig_embed