fbpx

Викенд тарифа: Опасен дрифт со 900 коњски Mustang RTR

Професионалниот дрифтер Вон Гитен позади управувачот на екстремно бесниот Mustang ни покажа што е навистина добар дрифт

Има само неколку луѓе во светот доволно вешти во дрифтањето како 38-годишниот Вон Гитен. Професионалниот возач позади себе има десетина победи, а она со кое најмногу може да се пофали е освоениот шампионат во својата кариера во Formula Drift. Овој пат, возачот своите способности ќе ги покаже позади управувачот на екстремно моќниот Ford Mustang RTR, со помош на кој ќе се обиде да ја помине цела Nürburgring стаза само со дрифтање.

Под поклопецот на овој бесен автомобил се наоѓа V8 мотор кој му обезбедува моќност од неверојатни 900 коњски сили.

Поминувајќи ја патеката долга 20,7 километри, кралот во светот на дрифтот станува првиот и единствен возач кој ја поминал Nürburgring со ваков начин на возење. Но, ова не е неговиот прв обид. Речиси една година претходно, Вон беше принуден да се откаже од остварувањето на својата идеја поради лошите временски услови.

Во продолжение погледнете го инзвонредниот подвиг на Гитен, зачинет со прекрасниот звук на 900 коњскиот V8.

Поврзани вести

Back to top button