fbpx

Викенд тарифа: Уловени 45 суперавтомобили за улично тркање

Полицијата во Хонг Конг спречила група сопственици на луксузни и егзотични суперспортски автомобили да се тркаат низ улиците на овој град

Навистина необична глетка ги затекна жителите на Хонг Конг, но и луѓето ширум светот, откако полицијата успеа да собере 45 суперавтомобили на една од најфрекфентните сообраќајници во овој град. Големата група на запрени суперспортски автомобили зазедоа две возни ленти, додека полицајците ги проверуваа нивните документи, а сето тоа доведе до една неверојатна глетка која веројатно може да се види само на големите автомобилски саеми.

Во ова друштво на суперавтомобили се наоѓале различни Lamborghini, Porsche и Ferrari модели, како и неколку Nissan GT-R, McLaren, Mercedes AMG GT S…

Поврзани вести

Back to top button