fbpx

Викенд тарифа: Снежна забава со Countach, Ferrari 250 GTO и други класици

На настанот наречен The ICE во швајцарски Сент Мориц на едно место се собраа легендарни класици како Countach, Ferrari 250 GTO, Aston Martin DB5...

Зимските денови во северната хемисфера вообичаено се месеци на хибернација за автомобилските ентузијасти. Но, тука е и Швајцарија, каде снегот во овој период е честа појава, а вљубениците во четирите тркала и покрај тоа уживаат во возење околу замрзнатите езера и температури под нулата. Но, кога станува збор за алпскиот град Сент Мориц, работите се малку поинакви. На настанот наречен The ICE, автомобилите возат на замрзнато езеро, а на годинешното издание кое се одржа на 26 февруари, настанот беше исполнет со некои од најскапоцените автомобили на светот.

Во Сент Мориц се собраа исклучително ретки класици кои направија вистинско шоу на снегот. Ferrari 250 GTO, Lamborghini Countach, Pagani Zonda HP Barchetta, Aston Martin DB5, па дури и Ferrari Testarossa направена специјално за Мајкл Џексон, беа дел од класиците кои уживаа на снегот.

Поврзани вести

Back to top button