Виртуелно воздушно патување над Париз за 15 евра
Нова забава нуди Париз за туристите и жителите на градот од 31 март - 13 минутна виртуелна прошетка низ градот за 15 евра
Оваа FlyView атракција може да се искористи во секое време, а се нуди на плоштадот „Опера” во центарот на француската метропола.
Посетителите влегуваат во предворјето на лобито на FlyView, кое изгледа како терминал на аеродром и тие вршат регистрација за седиште во леталото и има екрани со сите потребни информации. Има дури 50 лансирни пункта и ова е несомнено една од најголемите виртуелни VRS инсталации на светот.
Опремени со шлем за виртуелната реалност (HTC Vive) посетителите добиваат чуство како да се во млазно летало, односно „реактивен ранец“ и “лебди“ над покривите на Париз. Чуството дека летате е што е можно поблиску до реалноста.
Сајбер воздушното патување над главните атракции на Париз трае речиси четвртина час и му нуди на корисникот можност да види различни нешта на површиан од 1000 m², благодарение на погледот од 360 °. Уредот синхронизира платформа за движењата во воздушниот jet off, летање напред, запирање за панорамски глетки, движење настрана и крупни кадри од посакуваните објекти.