fbpx

Вистински трансформери наскоро на патиштата

Одамна е познато дека Јапонците се меѓу најголемите сонувачи, фантазери и љубители на бајките

Тие постојано нудат невидени новини, кои за нас остануваат научна фантастика, а неодамна лансираа возило- трансформер подготвено за транспорт и сообраќај?! Во филмовите, трансформери го спасуваат светот, маскирани како вистински автомобили, за на крајот да се претвораат во челични роботи. Идејата не е измислена од филмаџиите, во историјата се среќаваме со голем број дизајни на автомобили, кои можат да го променат нивниот изглед и конфигурација.

Но, сепак ова што последно го нудат Јапонците е повторно за почит!

Машината е дело на младата компанија од Токио Four Link Systems. Тоа е „склопен“ електричен автомобил наречен Earth- 1. Неговите творци биле инспирирани од роботите на популарниот цртан филм Mobile Suit Gundam. И не само тоа, го поканиле за создавање на нивниот автомобил познатиот творец Кунио Окавара, да учествува во дизајнот на Earth-1. Димензиите на автомобилот се прилагодени со џојстик.

трансформери

Пред ова во автомобилската индустрија не е применета таква техника, а тоа ги принудило творците механизмот за виткање да се развива од нула. Без оглед на прилично солената цена од 70.000 долари, компанијата веќе има многу нарачки за моделот, како од Јапонија, така и од други земји. Пред идните клиенти на Four Link е голем предизвик. Наскоро се очекува овластување за движење на трансформаторот на јавните патишта, отворајќи ги вратите на глобалниот пазар.

Поврзани вести

Back to top button