Визионерски потег на Aston Martin – ретровизори со камера

Aston Martin направи прототип на ретровизори кои користат камери и би можел да биде вистински хит во автомобилската индустрија

За Aston Martin, страничните ретровизори „од иднината“ би можеле да бидат комбинација на старата и нова технологија. Британскиот производител на автомобили, заедно со добавувачот Gentex Corp. разви технологија која ги комбинира аспектите на традиционалните странични ретровизори со камерите за надзор.

Соработката на Aston Martin и Gentex, инсталирана на прототипот DBS Superleggera, користи три камери – по една во секој надворешен страничен ретровизор и една која е поставена на покривот. Сликите од камерите се објавуваат во повеќе екрани прикажани на средниот ретровизор во внатрешноста од возилото на кој може да се гледа и наназад.

Aston Martin

Со цел максимално да се искористи погледот кој доаѓа од камерите, Aston Martin ја зголеми големината на огледалата на страничните ретровизори. Сепак, вкупната величина на ретровизорите е помала од оние на DB11, изјави Дерил Вајзмен, првиот човек за каросериски инженеринг во Aston Martin.

„Можеме да ги земеме и да ги ставиме во соодветно возило во одреден момент во иднината“, изјави тој.

Иако некои европски и азиски земји овозможуваат системи за надзор од камерите како замена за ретровизорите, американските и канадските безбедносни правила бараат возилата да имаат внатрешен ретровизор како и надвор од страната на возачот.

Вајзмен истакна дека производителот развил состав со цел да биде правно ускладен на глобално ниво.

„Веруваме дека ова е патот по кој ќе одиме нанапред додека на Aston Martin се уште постојат огледала. Веруваме дека тоа така ќе изгледа“, изјави Вајзмен.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close